Search

Кавадарчани платиле бензин со три лажни илјадарки

Тројва кавадрчани сакале да подметнат фалсификувани денари на бензинска пумпа во Валандово, информираше МВР. Инцидентот се случил во јули годинава, а полицијата сега им поднесе кривични пријави.

-Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 14.07.2019 околу 23.55 часот на бензинска пумпа, пријавените, при наплата за гориво, употребиле три лажни банкноти од 1.000 денари, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави