Search

Жесток дуел на Адеми и Таравари поради „Његош“

Албанската паралелка во Основното училиште „Његош“ во Идризово, стана јаболко на раздор меѓу министерот за образование Арбр Адеми и првиот човек на Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Клик Плус“ на „ТВ21“.

На прашањето зошто Адеми не ѝ ги одзема надлежностите во образование на општина Гази Баба , како што постапи со Гостивар, министерот одговори дека овој случај е поинаков, обвинувајќи го Таравари дека назначувал директори кои немаат диплома за завршено високо образование. Таравари во емисијата се јави телефонски и ги негираше тврдењата на Адеми.

-Ова нема никаква врска, сите знаете. Детето што ја фалсификуваше неговата титула – доцент, е подготвен да каже сѐ. Но, детето што е пред вас, не требаше да дозволите да биде сам, би требало спроти него да има луѓе што ќе аргументираат. Тој е кукла, а не министер-рече Таравари.

Адеми со контра-одговор. Вели дека Таравари халуцинира.

Треба да знаете
Последни објави