Search

Демонстранти на Хаити напаѓаат деловни згради во обид за смена на претседателот

Демонстрантите на Хаити, кои бараат смена на претседателот Жовенел Моиз денеска нападнаа деловни згради и полициска станица, а опозициските лидери предупредуваат дека нема да има мир се додека тој не поднесе оставка.

Лидерите на опозициските партии веќе три недели испраќаат млади луѓе на улиците за да ја спречат работата на јавните и приватните фирми.

Според очевидци, демонстрантите запалиле и ограбиле полициска станица во приморското место Сите Солеј, а била нападната и запалена и агенција за изнајмување возила.

Сенаторот Јури Латорти рече дека тие нема да бидат одговорно за што и да му се случи на шефот на државата доколку тој денеска не поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави