Search

Уапсен во Тиват: Мигрант од Либија со сајла се врзал за шасија на шведски автобус

Црногорската полиција во Тиват уапси мигрант од Либија кој се обидел да стигне до ЕУ криејќи се во шасијата на шведски туристички автобус. Либиецот со сајла се закачил за патосот на автобусот кој бил на туристичка тура низ Црна Гора.

По обиколката на Скадарското Езеро, автобусот пристигнал во Тиват каде што туристите требало да ја поминат ноќта. Прр сопирањето хидрауличниот систем почнал со спуштање на автобусот, кое што го загрозило „слепиот патник“, па наеднаш од под автобусот почнале да се слушаат офкања и викање.

Кога возачот го вклучил моторот и автобусот се кренал, мигрантот излетал и почнал да бега по улиците на Тиват. Но наскоро бил приведен и вратен во Подгорица во Центар за прием на мигранти.

Треба да знаете
Последни објави