Search

Полициска Тесла во Сан Франциско се испразни сред потера

Полицаец во Tesla електричен патролен автомобил во Сан Франциско мораше да ја прекине потерата по криминалец и да се упати кон станица за полнење бидејќи во тој момент му се испразни батеријата на автомобилот, пренесува CNN.

„Доцна сфатив дека можам да минам само уште шест километри“, вели полицаецот.

Тој возел Tesla додека бил на потера по осомничен за злосторство во Санта Клара. По потврдувањето на регистарската табличка полицаецот тргнал во потера, но набргу сфатил дека поради празнење на батеријата мора да се откаже .

https://youtu.be/LbFJtL2al0I

За среќа, на помош му дошле колегите од полициските единици, но осомничениот им избегал. Неговиот автомобил подоцна е пронајден во Сан Хозе.

Од полициската управа Фремонт не знаат зошто автомобилот не бил целосно наполнет. Според полициската управа, сè уште трае тестирањето на интеграцијата на Tesla автомобилите и тие будно ги следат сите податоци. Според препораките, електричните автомобили треба барем до половина да бидат полни пред излегување на улица, како што и бил овој автомобил.

Оттаму велат дека овој случај не го менува нивниот став кон користење на електрични автомобили во патролни цели.

Треба да знаете
Последни објави