Search

Го тепале пред детето и му го демолирале автомобилот по расправија за паркинг

На 24.09.2019 во СВР Тетово, М.С.(33) од Гостивар пријавил дека околу 15.00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, по претходна вербална расправија околу погрешно паркирање, физички бил нападнат од Б.Т.(54) од Гостивар.

Според пријавеното, Б.Т. му го оштетил и предното ветробранско стакло на неговото патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се наоѓало неговото малолетно дете.

Исто така, според пријавеното, во нападот се вклучило уште едно лице од угостителски објект во непосредна близина. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави