Search

Грабар-Китаровиќ: Размената на територии ќе ја отвори Пандорината кутија

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во разговор со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш за состојбата во Босна и Херцеговина и односите меѓу Белград и Приштина рече дека територијалната размена би била многу лоша идеја со која ќе се отвори Пандорината кутија на подрачјето на поранешна Југославија.

Во соопштението објавено на веб-страницата на претседателката на Хрватска се наведува дека двајцата размениле мислење за состојбата во југоисточна Европа и за хрватското претседавање со Советот на Европската унија во првата половина на 2020 година.

Главни теми на разговорот биле ситуацијата, односно развојот на ситуацијата на југоистокот на Европа, особено во Босна и Херцеговина, односите меѓу Белград и Приштина, како и она што Хрватска „како лидер во областа на југоисточна Европа може да направи за да помогне во понатамошно стабилизирање на ситуацијата и решавање на овие отворени прашања”.

Гутереш изразил интерес околу тоа што Хрватска прави во рамки на претседавањето со Советот на ЕУ и на кој начин планира тоа да го искористи за себе и соседите.

– Ја споменав размената на териториите и реков дека тоа би било многу лоша идеја со која би се отворила Пандорината кутија и разни барања за територијални промени во цела поранешна Југославија, рече Грабар-Китаровиќ.

Треба да знаете
Последни објави