Search

Српската премиерка, Ана Брнабиќ во дводневна посета на Берлин

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Берлин, а утре ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и ќе разговара за унапредување на севкупните односи меѓу двете земји.

За време на посетата, Брнабиќ ќе го посети Сојузното здружение на германски претпријатија од средна големина и здруженијата на семејни претприемачи, соопшти српската Влада.

Како што се наведува, Брнабиќ ќе разговара и со претседателот на Германската дигитална асоцијација (БИТКОМ).

Треба да знаете
Последни објави