Search

И Филипче на протест против насилството врз здравствените работници

Министерот за здравство, Венко Филипче, одговорил потврдно на поканата од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, кои го организираат едночасовниот протест во кругот на Клинички в среда, за да се стави крај на нападите врз медицинарите.

– Со дел од младите лекари се сретнав вчера, јас верувам дека со останатиот дел од нивните претставници ќе се сретнам денеска зошто се повеќе здруженија и потврдив  дека ќе присуствувам, меѓутоа ние преземавме низа мерки. Имавме средба во министерството за внатрешни работи, ќе ангажираме професионално обезбедување и патролна служба од полицијата околу старата градска болница, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Од оваа Асоцијација велат дека со професионално обезбедување нема целосно да се реши проблемот, бидејќи во речиси сите напади, веќе постоело обезбедување.

– Клинички центар и другите поголеми болници заслужуваат третирање со оглед на сериозноста и значењето кое го имаат како и секоја друга странска амбасада, така да сметаме дека полициско присуство е задолжително,  изјави д-р Божидар Кочоски, од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари додаваат и дека зачестените напади врз лекарите се резултат на таложењето на незадоволството од функционирањето на здравствениот систем и за лекарите и за пациентите и тоа прераснува во насилство.

Треба да знаете
Последни објави