Search

Во Маџир маало на улица Петричка се гради канализација и се обновува водоводот

Се поставува атмосферска и фекална канализација и се реконструира водоводната мрежа на ул. „Петричка” во Маџир маало во Општина Центар, во должина од 450 метри квадратни.

– Инвестицијата изнесува осум милиони евра, што општината ги доби како грант од Министерството за транспорт и врски, информираа денеска на стартот на градежните работи градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Богдановиќ потенцираше дека се решаваат реални проблеми на жителите, забалежувајќи дека  активности за нова и обнова на постојната комунална инфраструктура во населбата што е во најстрогиот дел на Центар немало 50 години.

– По  поставувањето цевки, канализација и мрежа, следува целосно асфалтирање на улицата на површина од 2.700 метри квадратни и поставување на  сите дополнителни елементи. Ме радува фактот што централната власт преку грантови ги помага општините и заедно и со сопствени средства успеваме да ги решаваме проблемите коишто, за жал, се оставени во изминатиот период. Добро е што централната власт средствата ги наменува за вистински реални проблеми, а не за непродуктивни  трошоци, изјави  Богдановиќ.

Според Сугарески, станува збор за сериозен капитален дел  во овој дел на општината и Скопје.

– Со изградбата на оваа атмосферска канализација и реконструкцијата на водоводната мрежа ќе решиме уште еден проблем на граѓаните  на овој дел на Скопје. Жално е што во  21 век се уште разговараме за водоводи и канализации, меѓутоа основна наша цел е во секое населено место и  секаде каде има потреба од изградба и реконструкција  тоа и да биде направено, рече Сугарески.

Треба да знаете
Последни објави