Search

Минимален пораз на Вардар на гостувањето во Украина

Ракометарите на Вардар уште на првото гостување во новата сезона од СЕХА лигата, го претрпеа првиот пораз. „Црвено-црните” попладнево загубија на гостувањето кај украински Мотор Запорожје со 32:31.

Бранителот на трофејот во регионалното натпреварување имаше голема шанса да се спаси од пораз, но хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ промаши пенал на крајот на мечот.

Најефикасен во составот на македонскиот шампион беше Тимур Дибиров со шест погодоци.

Вардар по две кола има една победа и еден пораз, Мотор има две победи и е лидар на табелата во А-групата.

Треба да знаете
Последни објави