Search

ПОЦ почнува ноќна акција за отстранување непрописно паркирани возила

Во текот на вчерашната вечер ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР-Скопје започна ноќна акција за отстранување на непрописно паркирани возила на најфреквентни локации во Капиштец и Дебар Маало.

Со помош на специјалните возила „пајак“, најголем број непрописно паркирани возила се санкционирани во близина на ноќните локали и кафеани, каде има најголем број на непрписно паркирани возила кои го предизвикуваат нередот во доцните часови.

„Оваа мерка континуирано ќе се спроведува со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици“, соопштија од Општина Центар.

Треба да знаете
Последни објави