Search

Денеска во Кисела Вода во осумте општински основни училишта почна школската година

Денеска во Кисела Вода во осумте општински основни училишта, училишното ѕвонче го означи почетокот на училишната година за над 5000 основци. Во училиштата се одржаа приредби преку кои на вкупно 620 првачиња од страна на наставниците им беше посакно добредојде.

Општина Кисела Вода изминатиов период во дел од училиштата изврши обнова на училници, тоалети и останати простории, со што видно  ги подобри условите за децата и вработените.

Проектите на градоначалникот Филип Темелковски за обновување на училиштата во надлежност на Општината ќе продолжат да се реализираат и во текот на оваа учебна година.

Градоначалникот Филип Темелковски во негово име и во име на Општина Кисела Вода на сите ученици им посакува успешни и среќни училишни денови.

Треба да знаете
Последни објави