Search

Градоначалникот на Чаир Ганиу им го честита на учениците почетокот на новата учебна година

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу преку неговата официјална страна им го честита на учениците почетокот на новата учебна година.

Со овие зборови Градоначалникот на Чаир им се обрати на учениците и на најмалите кои првпат седнаа на училишните клупи: “Знаењето е најголемото богатство на умот и човечката душа, силата на надежта за здрава иднина! Затоа, златен е моментот на почетокот на учебната година, чисто злато на волјата и љубовта за светлото на напредокот.

Драги ученици и првачиња кои денес прв пат седнувате на училишните клупи, ви посакувам многу успех во убавиот и безкраен пат кон знаењето! Очите на вашите родители, дедовци и баби се насочени кон вас, направете ги горди со тоа што ќе бидете секогаш солидни во учењето”.

Треба да знаете
Последни објави