Search

Голф удри во пешак во Злетово

На 01.09.2019 во 07.35 часот на ул.„Македонија“ во с.Злетово, пробиштипско,  патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарки ознаки, управувано од В.Т.(37) од с.Кнежево, кратовско, удрило во пешакот С.С.(73) од с.Злетово. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му била укажана помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

Треба да знаете
Последни објави