Search

Симоновски: Пожарот кај Катланово го гасат седум возила, нема опасност за околните објекти

Командирот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски за „Макфакс“ вели дека пожарот кај Катланово не е локализиран, но дека интервенираат седум противпожарни возила, кои работат на тоа. Според него, нема опасност за околните објекти и бензиската пумпа, и се очекува огнената стихија набргу да биде изгасната.

„Пожарот не е локализиран, но работиме на тоа. Имаше пожари на три локации, една веќе изгласнавме. Сега гори на потегот меѓу бизниската пумпа „Окта“ и викендиците кај Катланово. Нема опасност бидејќи пожарот не е раширен, а ветерот дува во правец кон автопатот, што за нас е позитивно бидејќи брзо ќе го изнаснеме. Истовремено интервенираме и на потегот после бензиската пумпа. На терен се 7 противпожарни возила и едно притватно возило што ја чува бензинската пумпа“, вели Симоновски.

Пожарот кај Катланово избувна пред еден час. По пријавата во Противпожарната бригада, на терен излегле две екипи, а потоа, по побарано засилување се приклучиле уште пет возила.

Треба да знаете
Последни објави