Search

Пожарникари го извлекувале папата Франциск од заглавен лифт во Ватикан

Папата Франциск доцнел 25 минути на обраќањето пред верниците на Плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Причина за доцнењето било тоа што папата останал 25 минути заглавен во еден од лифтовите во Ватикан, поради што морале да реагираат и пожарникарите.

Папата Франциск изјавил дека денеска 25 минути останал заглавен во лифт , по што интервенирале пожарникарите и го извадиле од лифтот.

Поради дефект на лифтот папата задоцнил на попладневното обраќање пред верниците на Плоштадот Свети Петар . Франциск дури  им се извинил на насобраните граѓани.

Поглаварот на римокатоличката црква воедно од граѓаните побарал со аплауз да ги поздрават пожарникарите кои го извлекле од заглавениот лифт.

 

Треба да знаете
Последни објави