Search

Нападот во Франција не е поврзан со тероризам

Маж од Авганистан кој бил во психичко растројство и на дроги го извршил синоќа нападот во Франција, кога со нож уби едно лице, а повреди осум.

Властите велат дека не откриле поврзаност со тероризам.

Според проценката на психијатрите, било откриено дека мажот доживеал параноичен делириум и слушал гласови кои му говореле да убие некој, изјави обвинителот Никола Жаку, пренесе „АП“.

Според зборовите на обвинителот, минувачите го фатиле напаѓачот пред да пристигне полицијата.

„Нивната храбра и одговорна интервенција беше пресудна“, изјави Жаку пред новинарите.

Мажот од Авганистан живее во францускиот центар за баратели на азил, има привремена дозвола за престој во Франција и првпат се регистрирал во 2009 година, рече обвинителот.

Напаѓачот не е јавно именуван, а познато е дека не бил на ниту една листа на екстремистички организации, рече Жаку.

Две од осум повредени лица и понатаму се хоспитализирани, пренесе агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави