Search

Леклер со емотивна изјава: Не можам да славам кога ми почина пријателот Антоан

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, не сакаше да ја слави премиерната победа во Формула 1, која ја оствари на трката за Големата награда на Белгија. Причина е смртта на неговиот добар пријател Антоан Ибер, кој почина по страшниот судир на трката во Формула 2, исто така за ГН на Белгија.

„Во саботата доживеав голем шок. Изгубив голем пријател. Естебан Окон, Пјер Гасли, Антоан Ибер и јас почнавме заедно во иста трка во картинг во 2005 година. Не можам да уживам во победата. Пораснавме заедно. Антоан, победата е за тебе“, емотивно изјави Леклер. 

Антоан Ибер го загуби својот живот во несреќа во Формула 2, а Леклер пред трката се сретна со неговата мајка.

Треба да знаете
Последни објави