Search

„Кит Го” ремизираше против гевгелиски „Кожуф”, „Каменица Саса” подобра од „Питу Гули”

На градскиот стадион во Пехчево, домашната екипа на „Кит Го” ремизираше со „Кожуф” во рамки на второто коло од Втората фудбалска лига – Исток. Пехчевци до предност дојдоа со голот на Петар Најдов во 60. минута, додека израмнувачкиот погодок за „Кожуф” го постигна Никола Костадинов во 65. минута од натпреварот.

-Очекувавме три бода, бидејки работевме на согледување на недостатоците во играта, од претходниот натпревар со „Беласица” и затоа имавме мали промени во составот за мечот со „Кожуф”. Еден бод на домашен терен може да биде и мотивирачки, но и разочарувачки. И покрај тоа остануваме цврсто на визијата, идејата и играта која ја подготвувавме за оваа сезона, истакна Стратегот на „Кит Го”, Емил Грнев.

Вториот преставник, екипата на „Саса” од Македонска Каменица со 4:1 славеше над екипата на „Питу Гули”.

Во следното коло „Кит Го” Пехчево и гостува на екипата на Плачковица, додека каменичани на гости ќе играат против тимот на Кадино. 

Треба да знаете
Последни објави