Search

Пожар на Детската клиника, нема повредени деца

Пожар на Детската клиника, нема повредени деца

На одделението за хематолошки болести при Клиниката за детски болести, вечерва настана пожар на терасата на првиот кат, соопштуваат од Клиниката.

„Противпожарната екипа веднаш интервенираше и го локализираше пожарот. Не е предизвикана никаква материјална штета. Со оглед на тоа што одделението се реновира и нема хоспитализирани деца, нема ниту повредени пациенти. Останатите деца кои во моментов се хоспитализирани на Клиниката по другите оддели се во добра состојба. Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции“, се наведува во соопштението на ЈЗУ Клиника за детски болести.

Треба да знаете
Последни објави