Search

Големата роденденска журка на Зоолошката градина

Забава со детски песни, театарска претстава, Дизни маскоти и многу други изненадувања ги очекуваат посетителите на Зоолошката градина на 1 септември (недела), на одбележувањето на нејзиниот 93-ти роденден.

Големата роденденска журка ќе почне во 17 часот, а присутните ќе уживаат во настапите на „Златно Славејче“, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, како и со Дизни маскотите.

 

Се гледаме во нашата и ваша омилена Скопје ЗОО!

Треба да знаете
Последни објави