Бројот на починати во епидемијата на ебола, што избувна пред една година на југот на Демократска Република Конго, достигна 2.000, покажуваат податоците што ги објави владата.
Според податоците, биле заразени над 3.000 луѓе, пренесува „Ројтерс“.
Ова е втор најсмртоносен бран на ебола, кој официјално почна минатиот август.
Повеќе од 11.300 луѓе починале од избувнувањето на епидемијата во западна Африка од 2013 до 2016 година.