Момчето со посебни потреби, Џејден, често наидува на недоразбирање од другите затоа што тој самиот често не го разбира светот околу себе. Џејден страда од нарушување на сензорната интеграција и тоа влијае на неговите социјални и емоционални особини.
Децата со ова нарушување честопати се исклучуваат од светот и се повлекуваат во себе, а понекогаш им недостасува самоконтрола и се многу раздразливи и импулсивни во тие моменти.
Неговите родители се обидуваат да му помогнат колку што е можно повеќе и да му го олеснат животот, но суштеството кое најмногу и најефикасно му помага е неговата мачка Кити.
Кога Џејден добива напади, неговото милениче секогаш успева да го смири. Една таква сцена снимиле неговите родители со камера.