Ако се суди според она што го највуваат италијанските медиуми во пресрет на дербито од Серија А, Јувентус – Наполи кое ќе се одигра в сабота во Торино, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе истрча во почетниот состав на наполитанците. Елмас кој летово од Фенербахче се пресели во Наполи, го импресионирал тренерот Карло Анчелоти во последните 20 минути кои ги доби од клупата за резерви против Фиорентина во 1.коло во Серија А. Тоа е причината поради што Анчелоти размислувал да ја изнеанди „старата дама“ со Елмас во првиот тим.
Анчелоти планира да ја смени формацијата со која ќе му се спротивстави на актуелниот првак од 4-2-3-1 во 4-3-3, па за таква игра Елмас му е еден од посакуваните адути.
Елмас би требало да биде во средниот ред заедно со Пјотр Зјелински и Фабијан Руиз, додека на клупата ќе се најде Алан.