Јовески нема надлежност да ја изземе обвинителката Катица од предметите на СЈО

Републичкото јавно обвинителство, односно овбвинителот Љубомир Јовески, нема надлежност да ја изземе обвинителката Катица Јанева од предметите на СЈО. Овој одговор го доби судијата Огнен Ставрев, од републичкото јавно обвинителство, откако претходно обвинетите од „ТНТ“ побараа изземање на Јанева од предметот- пишува Фокус.

На денешното рочиште за „ТНТ“ судијата Ставрев истакна дека добил писмо од обвинителката Анита Исајловска, по што ја прочита неговата содржина.

-Републичкото јавно обвинителство не е надлежно да постапува по вашето барање. Според Законот за СЈО не е дел од јавнообвинителската хиерархија и има своја автономија, а одговара пред Собранието и Советот на јавните обвинители, стои во писмото.

Треба да знаете
Последни објави