Search

Ц. звезда бара чирак „водоинсталатер“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Астон Вила, Стивен Ворнок кој работи како стручен консултант за „Скај спорт“ со коментарот на екипите при извлекувањето на групите за новата сезона во Лигата на шампионите го навреди српскиот првак Црвена звезда кој втора година по ред се избори да игра во групната фаза. „Црвено-белите“ се единствениот тим меѓу 32 екипи кои до оваа фаза од натпреварувањето стаса со елиминирање препреки од првото квалифиакциско коло, а Ворнок ги оквалификува како „водоинсталатери“.

-Тие се вработени на одредено работно време. Има многу од нив кои минатата сезона работеа како водоинсталатери или нешто слично. Тоа само по себе е импресивно – изјави Ворнок.

Не му останаа должни ни „црвено-белите“ кои се најдоа увредени и преку социјалните мрежи му порачаа дека им е потребен чирак водоинсталатер, алудирајќе на поранешниот фудбалер на Ливерпул. Црвена звезда во мината сезона во групната фаза во Белград го совлада Ливерпул (2:0), кој потоа стана европски првак.

Црвена звезда сезонава ќе игра во групата Б, заедно со екипите на Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.

Треба да знаете
Последни објави