Трки по скопските улици, казнети 63 возачи за пребрзо возење

Во текот на 29.08.2019 година на подрачјето на СВР Скопје, при превземени  мерки и активности, констатирано е дека 63 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи-почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 нерегистрирани возила. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и 13 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 48 мандатни платни налози и 48 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои седум лица поминале со телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави