Search

Судијата од финалето на Вимблдон заработи суспензија

Здружението на тениските професионалци го суспендираше аргентинскиот судија Дамјан Штајнер. Аргентинецот кој беше судија на историското финале во последното издание на гренд-слем турнирот Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер без да добие дозвола од АТП зборувал за строго забранети теми. Своите видувања ги пренесувал во интервјуа во својата земја, каде изјавил  дека очекувал Федерер да победи и да искористи некоја од меч-топките кои ги имаше. Тоа не се случи.

-Штајнер прекрши неколку правила на АТП. Без дозвола давал интервјуа каде неговите изјави се дирекно спротивни на политиките на АТП. Разговарал на теми за кои судиите несмеат да зборуваат јавно. Тие не смеат да коментираат поени, натпревари и правила за да останат непристрасни – ја образложуваат својата одлука од АТП за изчената суспензија.

Штајнер  важи за еден од најталентираните судии во АТП, но тоа не го поштеди од времено апстинирање од тенисот.

Треба да знаете
Последни објави