Студентка во Мексико вежбајќи јога паднала од тераса на шестиот кат

Студентка во Мексико, Алекса Тераѕас (23) ги скршила на двете раце, нозе, карлицата и главата, откако паднала од шестиот кат додека вежбала јога на терасата. Веднаш била пренесено во локалната болница во Нуево Леон.Според медиумите таа преживеала, а за време на 12-часовната операција, лекарите ѝ ги реконструирале колената и зглобовите. Се предвидува дека за да може повторно да се движи без проблеми, ќе поминат три години рехабилитација.

Според сведочењето на нејзината пријателка, којашто го фотографирала настанот, Алекса секое утро, со години, на терасата ги правела вежбите, но овој пат, решила да направи и на оградата од терасата по што се лизнала и паднала од височина од 25 метри. Тераѕас има скршено 110 коски во телото.

 

Треба да знаете
Последни објави