Search

Родителите треба да прашаат во училиште дали наставниците ќе штрајкуваат во понеделник

Во недела ќе се знае дали Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ќе одлучи да има предупредувачки штрајк на вработени во образовната дејност. Ако се потврди нивната одлука тогаш родителите ќе треба да прашаат во училиштето дали детето ќе оди на настава на 2 септември. Според СОНК голем број од наставниот кадар се нивни членови. Ако се нема да работат ако не се ќе одржуваат настава.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, вели дека ќе почекаат да видат што ќе се случи во текот на утрешниот ден и в недела официјално ќе кажат дали в понеделник ќе има предупредувачки штрајк.

Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од 5 отсто. Неделковски изјави дека синдикатот ѝ дава рок на Владата до 1 септември за преговори и за реално зголемување на платите на сите вработени во образовната дејност.
– Не сме задоволни од зголемувањето на платите од 5 проценти. Реално би било зголемувањето да е 20 проценти – рече Неделковски.Тој објаснува дека доколку не се договорат со Владата, на 2 септември ќе има предупредувачки штрајк. Потоа, септември ќе го определат за преговори со Владата.
– Доколку ништо не се договориме и во септември, имаме опција за генерален штрајк. Ние сме репрезентативен синдикат со околу 30.000 члена. Ги повикувам сите други синдикати да ни се приклучат – вели Неделковски.

Треба да знаете
Последни објави