Конечно СЈО е блокирано

Конечно СЈО е блокирано

Советот за јавни обвинители беше должен со одлука за привремено разрешување од должноста на Катица Јанева истовремени да именува вршител на должноста Специјален јавен обвинител за да не дојде до престанок на работата на СЈО.
Но Советот на јавни обвинители од времето на Аневски гледаше само како целосно да го оневозможи функционирањето на СЈО. И донесе предлог само за нејзино разрешување што е пратен до Собранието кое треба да го одобри со двотретинско мнозинство.
Со таа одлука работата на СЈО е конечни целосно блокирана на радост на сите обвинети од СЈО.
Затоа Советот за јавни обвинители и Коле Штериов ги добиваат пофалбите а аплаузите од Илче Гебелс што “не подлегнал на политички притисок да именува заменик на Катица”.
Вака без СЈО криминалците полесно дишат.

Ѓорѓи Спасов

 

Извор: Ипортал.мк

Треба да знаете
Последни објави