Колинда Грабар-Китаровиќ добитничка на Фулбрајтовата награда за животно дело

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ќе добие награда за животно дело од американската непрофитна организација „Фулбрајт асоциејшн“, пренесува Index.hr.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 26 октомври во Арлингтон, Вирџинија.

Според соопштението, Грабар-Китаровиќ ќе биде наградена за „нејзиниот глобален придонес како водач, дипломат и јавен службеник“, а покрај неа, наградата за животно дело ќе ја добијат архитектот Џејмс Ползек и новинарката Мелиса Блок.

Колинда Грабар-Китаровиќ беше стипендистка на Фондацијата од 2002 до 2003 година на Постдипломската програма за меѓународни односи и безбедносна политика на универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, пренесува хрватски N1.

Фулбрајтовата награда за животно дело се доделува од 2000 година на поранешни стипендисти чии кариери „обезбедуваат инспирација, служат како пример и илустрираат моќ, влијание и вредности“.

Треба да знаете
Последни објави