Search

Кабинетот на Зеленски демантира дека Киев и Москва разменија затвореници

Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски денеска ги демантираше наводите дека е во тек размена на заробеници со Русија.

Претходно, украинскиот јавен обвинител на Фејсбук објави дека украински затвореници, меѓу кои и морнари и филмскиот режисер Олег Сенцов, патуваат со авион за Украина, по завршување на постапката за размена на затвореници со Русија.

– Размената е завршена: морнари, Сенцов, Карпук, Балух, Гриб летаат дома, напиша пратеничката Ана Исламова под постот на украинскиот главен обвинител.

Едно од предизборните ветувања на Зеленски беше ослободување на притворените Украинци во Русија.

Треба да знаете
Последни објави