Search

Демолиран зелениот кров на ГТЦ

Искршени инсталации, фонтани, цевки се само дел од епилогот од синоќешното демолирање на зелениот покрив на ГТЦ. Станува збор за еден насилник кој е снимен со безбедоносна камера. Видеото утрово го објави на својот фејсбук профил градоначалникот Петре Шилегов и на него се гледа како го демолира кровот. Во град Скопје велат дека демолирањето е пријавено и во МВР.

„Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Зелениот кров се гради од февруари годинава и според најавите, требаше да биде готов во септември. Проектот предвидува да бидат зазеленити 1.800 квадратни метри, односно просторот што гледа кон Плоштадот Македонија. Ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Треба да знаете
Последни објави