Халкбанк и Халки повикуваат на заедничка роденденска прослава на Зоолошката градина во Скопје

Халкбанк и слончето Халки ги повикуваат родителите и децата на заедничка дружба за време на роденденската прослава на Зоолошката градина во Скопје која ќе се одржи оваа недела на 1ви септември со почеток од 12:00 часот.

По повод 93-тиот роденден на скопската ЗОО градина се подготвува голема забава која ќе биде збогатена со наградна игра за посетителите, сечење роденденска торта, настап на Детскиот хор Златно славејче, Театарска претстава Волшебникот од Оз и парада на Дизни маскоти.

За време на прославата, присутните ќе имаат можност да се сретнат и со слончето Халки, маскотата на Халкбанк за детско штедење, кое што ќе ги забавува децата, ќе ги учи за значењето на штедењето и за тоа како да создаваат навики за штедење од рана возраст.

Халкбанка е потврден партнер на скопската ЗОО градина и во насоката на тоа парнерство и во иднина ќе ги поддржува активностите Зоолошката.

Треба да знаете
Последни објави