Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Полска поради ураганот Доријан, кој се приближува кон Флорида. Трамп рече дека е важно тој да биде во Вашингтон за да се справи со последиците од невремето.
-Нашиот најголем приоритет е безбедноста на американскиот народ, кој се наоѓа на патот на ураганот, рече Трамп.
Тој додаде дека за својата одлука го информирал полскиот претседател Анджеј Дуда во четвртокот и му пренел дека планира да патува за Полска во „блиска иднина“, пренесува АП.
Трамп требаше да се упати во Варшава во саботата за да присуствува на комеморацијата на 80-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна.
Американскиот претседател рече дека наместо него, во Полска ќе патува потпретседателот на САД, Мајк Пенс.