Санчез пристигна во Милано

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез беше снимен на аеродромот во Милано. Чилеанецот е во италијанскиот град да помине лекарски прегледи и да потпише со локалниот Интер.

Претходно денес, медиумите во Англија и Италија објавија дека двата клуба конечно се договориле за детали за едногодишниот закуп на играчот.

Според „Скај Спортс”, „нероазурите” ќе платат шест милиони фунти за заемот, а исто така ќе придонесат за 4,5 милиони фунти на платата на Санчез за тој период.

Сепак, опција за откуп не е вклучена во договорот меѓу двете страни.

Треба да знаете
Последни објави