Search

Претседателот Пендаровски се сретна со граѓани, производители на мед и рудари во Македонска Каменица

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска беше во посета на Македонска Каменциа, а поводот се три значајни обележја на овој град. Денот на рударите во источниот дел на државата којшто се одбележува веќе 56 години, а и денешниот голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица којашто е заштитничка на рударите. Денешниот празник, како што рече претседателот Пендаровски, е повод за големи народни собири. А, овој во Македонска Каменица, како што истакна Претседателот, „ е еден од најубавите”.

Истовремено, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, 28 август од 96-та година наваму важи и за Ден на општината Македонска Каменица. Претседателот Пендаровски истакна дека „секогаш е убаво да се биде во град како Македонска Каменица, град којшто има живописна и ибава природа”.Честитајќи им го денешниот празник, претседателот Пендаровски, во центарот на градот поразговара со граѓаните, коишто за овој ден имаа подготвено посна трпеза. Во духот на празнуваето претседателот Пендаровски имаше можност да проба и домашна ракија.

Во паркот на пчеларите, производителите на мед, го информираа претседателот Пендаровски ека покрај рударството, и пчеларството станува обележје на Македонска Каменица, бидејќи во последните две – три години медот од источниот дел на Северна Македонија е многу баран, како на домашниот, така и на странски пазари.

Претседателот Пендаровски исто така денеска ја искористи приликата да му честита на Антониот Самарџиски, којшто како дел од вработените во рудникот „САСА” годинава е прогласен за најдобриот рудар. При средбата со рударите, претседателот Пендаровски, им го честиташе денешниот ден и им посака и натаму да работат безбедно и потоа безбедно да им се вратат на своите најблиски.

Треба да знаете
Последни објави