Search

По одвикнувањето од алкохол, Кит Харингтон се враќа во улога на суперхерој

Ѕвездата на „Game of Thrones“, Кит Харингтон, по напуштањето на Центарот за одвикнување од алкохол, веднаш ќе почне со работа. Тој ќе го глуми суперхеројот на „Марвел“ Ден Витман, кој станува Црн витез во филмот „The Eternals“.

Тој ќе глуми со својот „брат“ од серијата „Game of Thrones“ Ричард Маден и со холивудската актерка Анџелина Џоли, а филмот би требало да излезе во 2020 година.

Се зборува дека тој почнал да претерува со алкохолот поради стресот од работата и улогата на Џон Сноу (ликот што го играше во „Game of Thrones“), а особено тешко му паднала последната епизода на серијата.

Кит неодамна откри зошто Џон Сноу мораше да ја убие Денерис Таргеријан (Емилија Кларк) во осмата и последна сезона.

Embedded video

Но, како што рекол, тој бил длабоко свесен дека станува збор за добра одлука.

„Тој избра крв наместо многу крв. Тој ги одбра луѓето со кои порасна, со кои има заднички предци. Тој го одбра Северот. Тоа беше неговата лојалност. Затоа реши да ја убие Денерис”, откри актерот.

Треба да знаете
Последни објави