Search

Министерот за култура во посета на локалитетот „Ѓоновичко кале“  кај Гостивар

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска го посети локалитет „Ѓоновичко кале“  кај селото Горна Ѓоновица во близина на Гостивар, каде  се спроведуваат  археолошки истражувања.

За време на посетата министерот Исмаили  се запозна со текот на истражувањата на  овој локалитет  кој претставува утврдена населба  од античко време, па се до  средниот век, со остатоци  од  кула  чии бедеми на места се зачувани и до 5 метри во височина.  Тој ги разгледа и пронајдените предмети како керамички садови,  питоси, покривни ќерамиди, многуброен градежен материјал  и монети кои датираат од различни временски периоди меѓу кои и монета која потекнува од 4 век од нашата ера.

Министерот  истакна  дека истражувањата  на Калето  чија функција била да ја штити комуникацијата  на патот Македонски Брод-Кичево се  од особено  значење за културно наследство  на гостиварскиот  регион.

Инаку во текот на истражувањата кои се спроведуваат со поддршка на Министерството за култура, освен од Конзерваторскиот центар од Гостивар кој е носител на проектот , вклучени се и стручни екипи од Арxеолошкиот Музеј,  од  Националниот конзерваторски центар,  како и истржувачи од катедра по Археологија  при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“-Скопје.

Треба да знаете
Последни објави