(Видео) Мајли Сајрус со својата девојка на доделувањето на Ем-ти-ви наградите

Пејачката Мајли Сајрус (26) вчера првпат се појави во јавноста по скандалозниот развод од актерот Лијам Хемсворт (29) со кого беше во брак 8 месеци.

Мајли се појави на доделувањето на Ем-ти-ви наградите во друштво на девојката поради која, како што се зборува,  се развела.

Пејачката, која изгледаше многу секси во краток црн фустан, ја покажа новата тетоважа на внатрешната лева страна на која пишува: „Се плашам во главата, но моето срце се чувствува слободно“.

Ова е, всушност, дел од песната The Things на американскиот рок-бенд The Pixies.

Поп-ѕвездата премиерно ја изведе својата нова балада Slide Away на доделувањето на музичките награди. Мајли не се појави на црвениот тепих, но видена е зад сцената во друштво на Кејтлин Картер, девојката со која за време на летниот годишен одмор во Италија разменуваше жешки бакнежи.

Треба да знаете
Последни објави