Ќерката на славниот пејач Лионел Ричи (70), манекенката Софија Ричи, во саботата го прослави својот 21. роденден, по тој повод нејзиното момче Скот Дисик (36) ѝ подарил два луксузни подароци, со кои таа се пофалила на социјалните мрежи.
Тој паркирал два автомобила пред нејзината куќа, „астон мартин“ и „ренџ ровер“.
„Најдобар подарок од момче“, напишала Софија додека ги фотографирала новите автомобили.
Откако на своите следбеници им ги покажала автомобилите, ќерката на славниот пејач се качила во приватен авион и отишла во Лас Вегас, каде што организирала луда забава за пријателите.