Ставрев ќе суди Дуделанж – Арарат

Македонскиот интернационален фудбалски судија од главната листа на ФИФА, Александар Ставрев е одреден да дели правда на реванш натпреварот Дуделанж од Луксембург и Арарат од Ерменија, во рамките од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа. На Ставрев ќе му асистираат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија е Дејан Јакимовски. Во првиот меч победи Арарат со 2-1. Подобриот од двомечот ќе избори пласман во групната фаза од Лига Европа.

Дуделанж во квалификациите го елиминира македонскиот првак Шкендија, а потоа и естонскиот клуб Номе Калју, од кој тетовскиот тим доживеа сензационална елиминација во квалифиакциите од ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави