ПСЖ сака Реал да го вклучи Куртоа за трансфер на Нејмар

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид преговара со францускиот ПСЖ за трансфер на бразилскиот напаѓачот Нејмар, пренесуваат шпанските медиуми. Според „Ел Чирингвито”, Реал Мадрид би сакал да го вклучи Кејлор Навас во договорот, но, парижаните не се задоволни од понудата. Тие би сакале да го видат голманот Тибо Куртоа при евентуален договор за Бразилецот.

Во сезоната 2018/19 година, Нејмар одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 голови и 13 асистенции. Моменталната цена на Нејмар е околу 180 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави