Пожарите во Амазонија не се под контрола, соопшти бразилското министерство за одбрана

Бразилското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека пожарите во Амазонија, кои траат 17 дена, сѐ уште не се ставени под контрола.

Во меѓувреме се огласи и Кабинетот на претседателот Жаир Болсонаро, од каде објавија дека тој најверојкатно ќе го посети регионот Амазонија кон крајот на неделава.

Како што е наведено, Чиле и Еквадор понудија помош во авиони за гасење на пожарот. Вчера, лидерите на Групата Седум се согласија за помош од 20 милиони долари поради пожарите во Амазонија, а фондацијата на актерот Леонардо Дикаприо најави донација од 5 милиони.

Бразилската сојузна агенција соопшти дека ќе ги истражи наводите дека фармери во бразилската држава Пара на 10 август, кога избувнаа пожарите, повикале на „Ден на пожарите“.

Претседателот Болсонаро ја одби помошта од Г7, со образложение дека со ваквите постапки развиените земји го третираат регионот како колонија.

Треба да знаете
Последни објави