Кај Блаце пронајдени 105 стебла канабис

Нива со 105 стебла канабис била пронајдена вчера во близина на Блаце, информира МВР.

Според полицијата, вчера на пладне полицајци од ПС за Граничен надзор Блаце помеѓу вториот и третиот железнички мост на реката Лепенец, на место викано Чучунска лука пронашле 105 стебла од растението канабис сатива.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави