Запленет хероин во Чаир, уапсени четворица дилери

Паковки со хероин, марихуана и пиштол биле пронајдени во полициска акција, кај четворица дилери од скопската населба Чаир.

Полицајци од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера извршиле претрес во домот на Ф.П.(43) во Чаир и пронашле кеса со хероин, кутија во која имало 60 мали пакувања со хероин и една кеса со остатоци од хероин. Полицијата го уапсила Ф.П.

Исто така, врз основа на судска наредба, претрес бил извршен и во домот на неговиот брат Ф.П.(51) во Чаир. Притоа, била пронајдена мерихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана, пиштол марка „екол фират магнум ЕФ810399 волтран“.  Ф.П. и неговиот син Б.П. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Полицијата извршила претрес и во домот на Г.П.(41) во Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави