Ескалираат протестите во Хонгконг, власта подготвена за дијалог

Лидерката на Хонгконг Кери Лам изјави дека ескалацијата на насилството во антивладините протести, кои траат три месеци во тој кинески град, станува се посериозна, додавајќи дека власта е подготвена за дијалог.

Лам првпат проговори во јавност бидејќи протестите ескалираа во неделата, кога полицијата употреби водени топови и солзавец во судир со демонстрантите, кои фрлале цигли и молотови коктели.

– Сакаме колку е можно побрзо да се реши оваа ситуација и подготвени сме да разговараме, порача Лам, истакнувајќи дека воопшто не мисли оти управата на Хонгконг ја загубила контролата.

Хонгконг се соочува со најголема политичка криза од преминот под кинеска управа во 1997 година, а властите во Пекинг испратија јасно предупредување дека размислуваат за можна интервенција, со цел да прекинат немирите.

Треба да знаете
Последни објави