(ВИДЕО):Најмладата мајка на светот имала само пет години кога се породила

Пар од Перу воопшто не слутел што ќе им се случи кога во 1939 година својата ќерка ја однел на лекар кај докторот Герард Лозде.Шокот следел откако докторот ја прегледал малата петгодишна пациентка и им кажал дека е трудна во седми месец од бременоста. По шест недели малечката пациентка се породила и станала најмлада мајка во историја на медицината. Бебето имало 2.700 грама и било во одлична здравствена состојба. Го добил името Герардо по докторот кој ја породил неговата мајка.

Медицински состојбата на малечката пациентка се вика преран пубертет и не е непозната. Но непознато било кој е татко на детето. По породувањето уапсен е нејзиниот тако со обвинување дека ја силувал, но набрзо бил пуштен поради недостиг на докази. За крако време приказната достигнала светска популарност и почнале да се шират приказни како затруднела малечката. Во селото често се организирале панаѓури кои завршувале со оргии и силување,  но девојчето никогаш не кажало кој е татко на детето.

Малиот Герардо пораснал како брат на девојчето се до 10 години кога му кажале кој го родил. Живеел повлечен живот и починал на 40 години. Најмладата мајка пак се омажила во 1970 година и родила син. Од својата 17 година работела во клиниката на докторот кој ја породил како секретарка. Никогаш не открила којја силувал и кој е татко на Герардо. Сеуште е жива и живее во еден сиромашен кварт со своето семејство, а тајната ќе ја однесе во гроб.

 

Треба да знаете
Последни објави